Рибери постави уникатен рекорд на својот последен натпревар за Баерн Минхен

од Vlatko K
119 прегледи

Легендата на Баерн Минхен, Франк Рибери го запиша своето име не само во историјата на клубот,
но и во онаа на германската Бундеслига.


Францускиот голгетер ќе ја напушти „Алијанц Арена“ по крајот на сезоната, а зад неговото име ќе
бидат запишани девет освоени титули на Германија – достигнување, што друг не го постигнал.

И деветте трофеи, се разбира, се со баварскиот гигант. Рибери пак си заминува со вкупно 23
одличја, колку што има и друг легендарен играч на тимот – Оливер Кан. Рибери помина 12 години
во Баерн.

Тимот на Баерн Минхен вчера успеа да ја задржи својата предност во Бундеслигата од два бода
пред Борусија Дортмунд. Ова се случи по победата од 5-1 над Ајнтрахт Франкфурт.