Вајлдер го сруши Бризил со брутален нокаут во првата рунда

од Vlatko K
121 прегледи

Дионтеј Вајлдер го нокаутира уште во првата рунда противникот Доминик Бризил во салата
„Барклис Центар“ во Њујорк и на тој начин ја забележа својата 9-та последователна заштита на
титулата од Светскиот боксерски совет (ВБЦ).


Победата е 41-ва за Вајлдер и 40-та со нокаут, а тој има и реми од натпреварот против Тајсон Фјури,
кој се одржа пред неколку месеци.

По средбата, Вајлдер најави пред сите дека реванш против Тајсон Фјури ќе има, иако има доста
шпекулации околу оваа борба.

„Овој реванш ќе се случи. Запоменете го тоа! Како што ќе се случат и другите големи битки. Знам
дека многу од вас сакаат да знаат кога ќе има средба меѓу мене и Џошуа, но и тоа ќе се случи. Има
разговори и со него, и со Фјури. Вратите не се затворени“, рече тој.