Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде одби да ги коментира шпекулациите околу клубот, кои го
поврзуваат со купување на Антоан Гризман следното лето.

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид веќе го информираше клубот за неговата желба да
замине по крајот на сезоната. Токму со тимот на „Лос Кулес“ најмногу е поврзувано името на
фудбалерот, кој откажа да премине на „Камп Ноу“ минатото лето, останувајќи на „Ванда
Метрополитано“.
Веднаш по објавата на играчот, почнаа шпекулациите кои го вмешуваат шампионот на Шпанија, кој
се очекува да даде 120 милиони евра за да гопривлече во својот состав.
„Јас секогаш го кажувам истото. Гризман е играч на друг тим, одличен фудбалер, како што реков“,
рече Валверде.
„Ако тој на крајот стане играч на Барселона, тогаш ќе разговараме. Сега ова е хипотеза за играч кој
може да дојде и да не дојде. Веќе сум одговарал на такви хипотетички прашања и не сакам да
продолжам“, нагласува тренерот на Барса.
Очекувањата се „каталонците“ да се засилат ова лето, за да може клубот да се бори за Лигата на
шампионите, откако претрпе огромен резил оваа година, губејќи со 0:4 од Ливерпул во реваншот по
успехот со 3:0 во првиот натпревар.
„Не знам колку играчи ќе донесеме и дали воопшто ќе купуваме некој. Треба да разговараме со
шефовите. Јас сум дел од ова, но има и други единци кои треба да го изразат своето мислење.
Мораме да сториме сé за да го подобриме тимот и да сме конкурентни догодина“, заврши Ернесто
Валверде.