Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изрази уверување дека ќе продолжи да го води тимот во
новата сезона во Германија. Денес баварскиот колос обезбеди седма последователна титула во
Бундеслигата, поразувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.

Во последните денови, се чинеше дека судбината на Ковач е решена и тој ќе биде отстранет од
своето работно место, без разлика дали ќе освои „дубл“ во Германија или не.
„Имам информации од прва рака и сигурен сум дека ќе продолжам да го водам тимот следната
година“, изјави Ковач откако ја освои седмата последователна титула за Баерн.