Освежувачка салата која ќе стане вашиот омилен додаток на исхраната
Потребни состојки:
1 голема краставица
160 грама грчки јогурт
1 лажица маслиново масло
2 лажички копар
1/5 лажичка лимонов сок
1 поголемо чешне лук
1/4 лажичка сол
Начин на подготовка:
Најпрво изрендајте ја краставицата, а потоа истискајте ја со раце за да го исцедите вишокот вода. Така исцедена, ставете ја краставицата во сад, па додајте го јогуртот, маслиновото масло, копарот, солта, лукот и лимоновиот сок, па добро промешајте и оставете да отстои околу 5 минути. Пробајте ја салатата, па ако сакате повеќе зачин, слободно додајте.
Можете да ја јадете веднаш или прво да ја оставите да се олади во фрижидер. Исто така, ако ја чувате во фрижидер, таа ќе биде вкусна и во наредните четири дена. Добар апетит!