Што мислат граѓаните на Иран за евентуална војна со САД?

од desk2
144 прегледи

 

Заради санкциите кои САД ги воведоа за Иран, околу 80 милиони граѓани се соочуваат со недостиг на храна, лекови и други производи, а сега и со опасност од можен напад.

Во регионот доплови американски носач на авиони, што отвора можност за непосредна опасност, јави АП.

Повеќето граѓани веруваат дека војна нема да го зафати регионот, иако многумина велат дека ќе ја бранат земјата, наведува АП и додава дека граѓаните сметаат дека Иран треба да разговара со САД за да ги реши економските проблеми, иако претстедателот на САД Доналд Трамп го оценуваат како „непредвидлив и недоверлив протеивник“.

Студентката Афра Хамеџадех (20) смета дека Трамп не е предвидлив и дека никој не знае како да реагира на него.

„Од како тој ја контролира светската економија, некако ни останаа само неколку опции“, вели таа.

Од друга страна, домаќинката ЗОерх Садеџи (51) смета дека САД би направиле многу до сега ако можеле, и додава дека ништо не може да се направи.

Истото г мисли и службеникот Масумех Изадпанах (35) кој вели дека кога некој се обидува да ги заплаши, тогаш не е подготвен за уште една ојна.

„КОга некој навистина сака војна тоа го почнува моментално. Како кога не нападна Ирак, одеднаш од секагде паѓаа бомби. А САД само вели „доаѓаме“, за да не заплашат“, вели тој.

Ветеранот Михамед Али Могадам (58) е подготвен за војна.

„Би ги охрабрил и моите три сина и внуците да го бранат Иран“, вели Мухамед.

Пензионираниот сметководител Сорес Малеки вели дека разговорите со САД за укинување на санкциите би ја покренале иранската економија.

Невработеноста во Иран е 12 отсо, а многумина истакнуваат дека полошо, затоа шо многу од младите се невработени.