Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, е против назначувањето на Антонио Конте како
нов тренер. Со оваа вест излезе едно од најавторитетните изданија во земјата, „Ла република“.

Според еден новинар од најпопуларниот весник на Апенините, на прошталната прес-конференција
на Макс Аллегри, петкратниот победник на „Златна топка“ беше запрашан во неформален разговор
за Конте. Како одговор, португалскиот репрезентаивец не рече ништо и негативно одмавнал со
главата.
Поранешниот играч од средниот ред на „црно-белите“ е меѓу најпосакуваните имиња за заменик на
Алегри. Останатите се Симоне Инзаги, Маурицио Сари, Марисио Почетино, Карло Анчелоти, Синиша
Михајловиќ и други.
Претходно оваа недела стана јасно дека тактичарот од Ливорно нема да продолжи да ја води
„старата дама“. Алегри беше на чело на Јуве пет сезони, во кои освои пет титули, четири
италијански Купа и два Суперкупа. Тој исто така два пати го однесе тимот во финалето на Лигата на
шампионите, каде загуби од Барселона (1:3) и Реал Мадрид (1: 4).
Во оваа кампања, Јуве отпадна од Ајакс во 1/4-финалето на турнирот на богатите и се
претпоставува дека токму тоа било причината за заминувањето на Алегри.