Заев: Богоевски набавувал лек за сестра му. Сам ќе одлучи дали ќе поднесе оставка или ќе остане пратеник

од desk2
178 прегледи

По снимката со Павле Богоевски, Премиерот Зоран Заев од Виена застана зад пратеникот. Го пофали дека успешно работи во Собранието, повика истрагата да се заврши и остава тој сам да донесе одлука дали ќе си поднесе оставка или ќе продолжи да биде народен избраник. Заев немал можност да разговара со Богоевски.

-Направил обид за да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но се пријави и самиот и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него, изјави од Виена премирот Зоран Заев./Либертас