Тоти влезе во „Куќата на славните“

од desk4
78 прегледи

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти на свечена церемонијата во Фиренца синоќа стана дела од „Куќата на славните“ на италијанскиот фудбал.

– Неверојатен ден! Сакам да им се заблагодарам на сите што ме почестија со оваа чест. Мислам дека светското првенство во 2006 година одигра решавачка улога. Ви благодарам, изјави Тоти.

Четириесет и две годишниот фудбалер стана шампион на Италија, има два Купа и два Супер купа. Беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година стана светски шампион.