ПЕТАР РИСТЕСКИ, првиот човек на ДПМНЕ Прилеп, ФИЗИЧКИ СЕ ПРЕСМЕТАЛ со свој колега во центарот на градот!

од Марта Пешевска
651 прегледи

 

 

Прилепската јавност синоќа се ситела од информацијата дека првиот човек на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп, координаторот Петар Ристески, бил инволвиран во физичка пресметка во самиот центар на градот.

Според неофицијални информации, станувало збор за физичка пресметка со свој сограѓанин, стоматолог и колега по професија, која следела по кратка вербална расправија.

Од МВР Прилеп сеуште не откриваат детали за инцидентот, а повеќе информации се очекуваат во текот на  денот.