Комисија од тројца поранешни играчи на Јунајтед ќе решаваат за трансферите во клубот

од Vlatko K
128 прегледи

Манчестер Јунајтед формира трансфер комисија од тројца поранешни клупски играчи кои треба да
му помогнат на Оле Гунар Солскјер да ги најде вистинските играчи за тимот. Според „Сан“, Дарен
Флечер ќе ја предводи комисијата, кој исто така ги покани Рио Фердинанд и Ники Бат. Вториот ќе
бара исклучително млади фудбалери.

 


На „Олд Трафорд“ имаат намера да ја напуштат практиката на привлекување на скапи ѕвезди. Таа
стратегија не само што не ги даде потребните резултати при последните тројца менаџери, но го
остави Солскјер во тешка ситуација во која Норвежанецот има фудбалери со огромни плати, од кои
нема потреба, но со кои тешко може да се раздели. Типичен пример за ова е случајот со Алексис
Санчез.

Ливерпул веќе доста успешно го користи моделот со сличен трансфер комитет, во кој Јирген Клоп
работи заедно со спортскиот директор Мајкл Едвардс, газдата на скаутската единица Дејв Фелоус и
тренерот на голманите Џон Ачтерберг.