Пржени тиквички со сос од кисело млеко

од desk2
1,3K прегледи

Направете вкусни пржени тиквички со кисело млеко.


СОСТОЈКИ:
4 тиквички средна големина
100 гр. брашно
100 мл. масло
600 гр. кисело млеко
2 чешни лук
сол и вегета
ПОДГОТОВКА:
Се мијат и сечат на тркалца тиквичките и се валкаат убаво во брашно.
Се пржат на врело масло со малку сол.
Се редат на салфета да ја впие маснотијата.
Се меша киселото млеко со ситнет лук и вегета, се ставаат на чинија тиквичките, врз нив сосот.

Слични содржини