Ливерпул му постави импресивна цена на Клоп

од Vlatko K
195 прегледи

Се приближува денот „Д“во Лигата на шампионите. На 1 јуни (сабота) од 21 часот, Ливерпул и
Тотенхем ќе го емитуваат новиот освојувач на трофејот.


Една недела пред натпреварот, од Ливерпул му поставија цена на својот менаџер, Јирген Клоп.

Актуелниот договор на германскиот експерт е до 2022 година, но кон него е додадена љубопитна
клаузула. Таа вели дека секој клуб кој сака да го привлече Клоп како свој тренер пред истекот на
неговиот сегашен договор со тимот од Мерсисајд, мора да го откупи за импресивни 36 милиони
евра.

Клоп го донесе Ливерпул до второ финале во Лигата на шампионите.
Минатата година неговиот тим изгуби од Реал Мадрид