Олимпијакос заминува во втората лига

од Vlatko K
155 прегледи

Трикратниот европски шампион во кошарка Олимпијакос службено е исклучена од првата лига.


Дисциплинскиот судија на Грчкиот кошаркарски сојуз одлучи да го испрати славниот клуб од Пиреј
во втората лига.

Образложението за ваквата одлука е дека Олимпијакос одбил да се појави на теренот на
четвртфиналниот натпревар на плеј-офот против Панатинаикос.

Според службеното соопштение, Олимпијакос е исклучен од плеј-офот и поставен е на последното
место на табелата, што значи дека идната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварувања, но
тоа не е се, европскиот шампион натпреварувањето во втората лига ќе го започне со минус шест
бодови.