Албион, Шкендија, Албарса, ФК Фудбал старс, Вардар, Кул , Ак. Пандев и Охрид топ тим се осминафиналистите од финалниот турнир во ФФМ детските лиги за сезона 2018/19 во категории 2006-2010.
Турнирот го отвори координаторот на лигите Кочо Димитровски кој ги поздрави присутните, им посака многу успех, и ги потсети дека ја работат најблагородната работа со која сите треба да бидеме горди.
Осминафиналните натпревари се одржаа вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а во нив учество зедоа 80 екипи и 1300 фудбалери.
Четвртфиналните и полуфиналните натпревари се на програмата денеска, а во нив ќе учествуваат 48 екипи во сите шест категории.