Германскиот весник Welt am Zonta го цитира генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој откри дека како одговор на руската “нуклеарна закана” , оваа недела е усвоена новата воена стратегија на НАТО.

  Столтенберг нагласува дека ” понекогаш е потребно да се создадат нови воени концепти “, за да се зачува безбедноста на Алијансата.

Моќта на НАТО е “кога можеме да направиме промени, кога е потребно “, појасни тој и додаде дека новата воена стратегија е “за значително подобрување на  воените можности во тешки времиња”, отколку потребата да се “смири претседателот на САД Доналд Трамп “.

Трамп постојано повикува земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбраната до најмалку 2% од БДП. 

Столтенберг во четвртокот на конференцијата за сајбер безбедноста во Лондон  рече дека  НАТО нема да се двоуми да ги искористи сите потребни средства за да одговори на сајбер нападите. 

Тој, исто така, рече дека претставниците на НАТО се согласија дека сајбер-напаѓачот може да го активира член 5 од основачкиот договор, кој предвидува напад врз една држава да се смета за напад врз сите членки на Алијансата.