„Нефа мебел“ остави стотици купувачи без платените нарачки

од desk2
172 прегледи

Граѓаните кои се обиделе да дознаат нешто повеќе за своите нарачки не успеале во обидите поради тоа што во дуќаните нема вработени.

Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ без никакви претходни најави ги затвори своите десетина продавници низ Македонија. Со тоа во неизвесност остави стотици купувачи од Македонија кои однапред платиле за нарачките, пренесува Канал5.

Граѓаните кои се обиделе да дознаат нешто повеќе за своите нарачки не успеале во обидите поради тоа што во дуќаните нема вработени. Не работат ниту веб страната на компанијата ниту пак нивната Фејсбук страна.

Сопственикот, кој по потекло е руски државјанин во Македонија и во Србија преку ноќ избегал, ограбувајќи ги клиентите за нивните однапред платени нарачки.

Во Србија без работа се останати околу 550 вработени во фабриката и 34 во продавниците. Во Македонија има околу десетина продавници, три во Скопје, во Велес, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово и Струмица.

Прочитајте и… Владимир Четкар ќе настапи во „Мјузик Хол“ во Детроит
Од МВР велат дека само двајца граѓани до сега пријавиле дека не можеле да си го добијат мебелот кој однапред го платиле. Сумата која е ограбена од потрошувачите, допрва ќе се проценува.