Фергусон го сакал Почетино, затоа го изолирале од Јунајтед

од Vlatko K
118 прегледи

Сер Алекс Фергусон настојувал Маурисио Почетино да го добие менаџерскиот пост во Манчестер
Јунајтед пред да биде назначен Оле Гунар Солскјер, тврди „Daily Mail“. Токму овој совет сега го
оддалечил Шкотланѓанецот од раководното тело.


Поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ помина неверојатни 27 години на чело на клубот, но се
пензионира во 2013 година.

Фергусон несомнено ужива голема доверба на „Олд Трафорд“, но сега се појавуваат информации
дека во последно време се чувствува изолиран од извршниот потпретседател Ед Вудворд.

Според изданието, Алекс Фергусон објаснил дека менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино
требало да преземе клубот по разрешувањето на Жозе Мурињо во декември.

Првично Солскјер беше најмен привремено, но по доброто претставување на тимот, раководството
му предложи постојан договор.

Сер Алекс Фергусон секогаш се борел за привлекување на Почетино, но Вудворд и неговите колеги
Ричард Арнолд и Мет Џаџ не ги зеле во предвид препораките на шкотскиот стручњак.

Се тврди уште дека односите меѓу Фергусон и Солскјер далеку не се толку топли, какви се
презентираат јавно откако Норвежанецот се спротивстави на совет даден од големиот тренер.
Наместо тоа, Шкотот сега се потпира на неговата поранешна десна рака, Мајк Фелан, кој е асистент
на Оле Гунар Солскјер, да прима информации од клубот.

Иако Фергусон е разочаран од она што се случува, тој нема да си дозволи себеси јавно да го
критикува клубот.