Зверев спаси две меч топки и стигна до титулата во Женева

од Vlatko K
122 прегледи

Првиот носител Александар Зверев (Германија) спаси две меч топки и го освои тенискиот турнир
на земјени терени во Женева (Швајцарија) со награден фонд од 52.443 евра.


Зверев го победи драматично Чилеанецот Николас Хари со 6:3, 3:6, 7:6 (8) во финалето, кое беше
прекинато на два пати поради дожд.

Со успехот, Германецот ја обезбеди 11-тата титула во својата кариера и прва во сезоната.