Торонто го совлада Милвоки со 100:94 и така по 4:2 во победи за прв пат во својата историја ја
освои титулата во Источната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Ова е
првиот канадски тим кој се квалификува за големиот финален натпревар.

Каваи Ленард беше лидер за домаќините со 27 поени, 17 скока и 7 асистенции, вклучувајќи и
клучна тројка за 95:90 три минути пред сирената. Паскал Сиакам додаде 18 поени, а Кајл Лари
придонесе со 17 поени и 8 асистенции.
Јанис Антетокунбо беше најдобар за гостите со 21 поен и 11 скока, а Брук Лопез се истакна со 18
поени и 9 скока, но Милвоки отпадна откако поведе со 2:0 во победи, но ги загуби наредните четири
средби од противникот.
Во големото финале, Торонто ќе игра против бранителот на титулата Голден Стејт. Канаѓанците
имаат домашна предност во серијата до четири победи, која започнува на 30-ти мај.