Џаред Лето се пофали со неговото супер тело на Инстаграм, демонстрирајќи ги плочките на стомакот. 47-годишниот актер се покажа гол до половината, очигледно откако се истуширал. Тој околу себе беше обвиткан само со бел пешкир и се пошегува дека оди на “тога забава”.
Џаред никогаш не бил премногу срамежлив кога станува збор за да се покаже дека тој е во суперформа на неговите 10 милиони фанови во социјалните медиуми.
Во април, фронтменот на групата 30 секунди до Марс повторно ја сподели својата фотографија, на која ги прикажуваше мускулите во профилот, а сликата доби три милиони допаѓања.
На друга фотографија, Лето откри дека е голем обожавател на серијата “Игра на тронови”, поставувајќи се на престолот за меч.
