Централниот дефанзивец и капитен на Ајакс Амстердам, Матаис де Лихт е едно од
најспоменуваните имиња за трансфер ова лето. Иако се очекуваше дефанзивецот да ја продолжи
кариерата во Барселона, сега стана јасно дека младиот Холанѓанец е многу блиску до потпис со
англиски Манчестер Јунајтед.

Англискиот тим, кој имаше лоша сезона, бара нови лица за тимот, кои ќе го кренат нивото, а
менаџерот Оле Гунар Солскјер сака да го донесе Де Лихт на „Олд Трафорд“ за реновирање на
одбраната на тимот од северозападна Англија.
Медиуми во Барселона пак потврдуваат за преговорите меѓу двете страни, а исто така и дека
Холанѓанецот дал претходна согласност да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. 19-
годишниот фудбалер беше една од клучните фигури во сезоната за Ајакс, кој стигна до
полуфиналето во Лигата на Шампионите, отстранувајќи ги Јувентус и Реал Мадрид, за да отпадне
во последната минута во полуфиналето со Тотенхем. Истовремено амстердамци освоија домашен
„дубл“, освојувајќи го шампионатот и Купот на земјата.
Во следната година Манчестер Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите, откако пропадна на
крајот на сезоната во Англија, завршувајќи на шестото место во конечниот пласман.