Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, официјално потпиша нов договор со тимот до летото 2021 година, а
информацијата беше објавена од тимот.

Под негово водство, „принцовите“ успеа да ја освојат титулата во Франција, но на крајот
презентацијата на тимот во Лигата на шампионите беше благо речено разочарувачка.
Претходниот договор на тренерот со тимот беше до летото 2020 година.
„Многу сум среќен и горд на фактот што го продолжив договорот со ПСЖ и му се заблагодарувам
на менаџментот на клубот, а особено на сопственикот за довербата, што ја има во мене“, рече
самиот Тушел во своето официјално соопштение.
45-годишниот Германец ја презеде екипата во летото минатата година и успеа да ја освои титулата
и Супер купот на Франција по првата сезона.