Оброк салатите им се омилени на луѓето кои внимаваат на својата линија, па оваа лесна салата со авокадо и краставици е совршена за нив. Овој нискокалоричен освежителен оброк е идеален за топлите денови. Освежувачкиот вкус на краставицата и фета сирењето, во комбинација со хранливото авокадо, ќе ја направи оваа салата вашиот омилен оброк.
Потребни состојки:
2 краставици исечкани на кругови
100 грама фета сирење
1 исечкан млад кромид
1 авокадо исечено на парчиња
2 децилитри маслиново масло
1 децилитар лимонов сок
1 лажица сенф
1 лажица лук во прав
Прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:
Во поголем сад измешајте ги краставиците, авокадото, младиот кромид и издробеното фета сирење и добро промешајте. Во друг сад направете го преливот за салатата од масло, лимонов сок, сенф, лук во прав, сол и бибер. Добро измешајте ги состојките.
Додајте го преливот во садот со зеленчукот, добро измешајте и оставете ја салата малку да отстои за да се впие преливот. Можете да ја послужете салатата како оброк, или како додаток за ручек.