Со искинати копачки во натпревар за 200 милиони евра (ФОТО)

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш, ги изненади сите откако ги покажа копачките од финалето за влез во Премиер Лигата против Дерби Каунти. Вила го освоија мечот со 2-1, кој се проценува на 200 милиони евра. Толкав е износот кој тимот од Бирмингем може да го смета за сигурен депозит во својата каса, поради нивното претстојно учество во Премиер лига.

По завршувањето на натпреварот, 23-годишниот Грилиш ги покажа копачките на гледачите на „Скај Спортс“ и го коментираше нивниот исклучително лош изглед. Тој призна дека играл со овие обувки од почетокот на март, кога се вратил откако се повредил.

„Кога се вратив, тие не изгледаа така. Тие беа апсолутно нови. Со нив постигнав неколку голови и направив неколку асистенции. Мислев дека ми носат среќа, па не ги сменив“, рече Грилиш.

Во оваа сезона, поранешниот член на репрезентација на Англија одигра 34 натпревари во Чемпионшип дивизијата и постигна шест гола и седум асистенции.