Делегација од српската Општина Лазаревац во посета на Валандово

од Марта Пешевска
111 прегледи

Делегации на Република Србија и на белградската Општина Лазаревац, од денеска до петок, 31 мај, ќе престојуваат во официјална посета на Општина Валандово, потврдија денеска од општинската служба за односи со јавноста во Валандово.

– Целта на посетата е продлабочување на односите на граѓаните и институциите од двете пријателски општини и држави како и потпишување на протокол за обновување на соработката, размена на искуства и знаења како и интензивирање на соработката меѓу бизнис заедниците од двете збратимени општини, се вели во соопштението од Општината.

Општина Валандово и општина Лазаревац која има 62.000 жители и се наоѓа во состав на српската престолнина Белград, меѓусебен договор за збратимување потпишале уште во 1977 година од кога почнало и нивното поврзување.