Милан бил пред банкрот

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Италијански Милан бил многу близу до банкрот. Ова беше потврдено од страна на извршниот директор на клубот, Иван Газидис, во интервју за „Gazzetta dello Sport“. Само интервенцијата на актуелните сопственици од „Елиот Менаџмент“ спречила тоа да се случи.

„Ајде да кажеме директно. Милан беше спасен. Сопствениците наследија клуб, кој не можеже да си ги плати долговите. Во клубот беа внесени 220 милиони евра за да почне од ново и да биде способен да ги исполни своите обврски. Ако тоа не се случеше, Милан ќе банкротираше и ризикуваше да испадне од Серија А“, вели шефот.

Газидис, исто така, го коментираше проектот на клубот да се обложи на млади фудбалери за да се стабилизира финансиски.

„Три се основни работи што треба да се следат. 1. Економска реорганизација за да се генерираат приходи за повторно инвестирање; 2. Подигање на квалитетот на тимот, враќајќи го на врвот во Италија и Европа; 3) пронаоѓање на вистинското решение за стадионот. Без разлика дали тоа ќе биде „Сан Сиро“, или нов стадион, целиот свет мора да ни завидува“, додава поранешниот директор на Арсенал.