Превртена тора од јаболка

од desk2
224 прегледи

Вкусен и едноставен колач совршен за неискусни во кујна…


СОСТОЈКИ:
1 кг јаболка
125 гр путер
120 мл млеко
120 мл масло
8 лажици брашно
8 лажици шеќер
4 јајца
1 прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Во тепсија растопете путер па на него наредете ги јаболката. Ставете ги во рерна загреана на 200 степени 10 минути.

Јајцата разматете ги со шеќер. Додајте млеко, масло, брашно и прашок за печиво па прелијте преку јаболката. Печете 20 минути, па превртете ја тортата на чинија и послужете.
Уживајте!/Gotvi.mk

Слични содржини