Русија го отфрли како неосновано тврдењето на САД дека Москва може да се обиде со нуклеарно оружје со ниска моќ во кршење на забраната за ваквите дејствија, објави Ројтерс.
Руското Министерство за надворешни работи инсистираше на тоа дека Москва е целосно во согласност со Договорот за сеопфатна нуклеарна забрана, кој Русија го ратификуваше во 2000 година.
Шефот на Агенцијата за воено разузнавање на САД вчера соопшти дека Русија најверојатно не се придржува кон сопствениот мораториум за нуклеарни проби во согласност со ограничувањето за “нулта енергија”, поставено од Договорот за целосна забрана на нуклеарни проби.
“Таквите обвинувања се апсолутно неосновани и имаат за цел да ја обидат повторно да ја оцрнат нашата земја”, порча руското Министерство за надворешни работи.
8 земји не ја спроведоа забраната за нуклеарни тестирања: САД, Израел, Индија, Иран, Кина, КНДР, Пакистан и Египет
Договорен во 1990-тите години, Договорот за целосна забрана на нуклеарните обиди ужива масовна поддршка во светот, но треба да биде ратификуван од уште осум земји кои имаат нуклеарни технологии, меѓу кои Израел, Иран, Египет и САД, за да влезе во сила.
“Ние повторно повикуваме САД да покажат одговорен пристап и да го ратификуваат Договорот за целосна забрана на нуклеарните проби без кое неговото влегување во сила не е можно”, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.