Италијанскиот клуб Рома беше потресен од скандалозно откритие, чија веродостојност допрва ќе
се разјаснува. Даниеле Де Роси, кој го одигра пред неколку дена својот последен натпревар за
Рома, сакал неговиот долгогодишен пријател и соиграч на „Олимпико“, Франческо Тоти да биде
избркан од клубот, соопштуваат медиумите на италијанските.

Скандалот избувна по публикација на весникот „Ла Република“, според која Де Роси и поранешните
негови соиграчи Един Џеко, Костас Манолас и Александар Коларов ги сакале главите не само на
тренерот Еузебио Ди Франческо и спортскиот директор Мончи, кои претходно оваа година се
разделија со клубот, но и онаа на симболот на „волците“ – Тоти. Поранешната „десетка“ по
завршувањето на својата професионална кариера зазеде директорски пост во неговиот матичен
клуб.
„Ла Република“ се повикува на е-пошта на поранешниот фитнес тренер во Рома, Ед Липи.
Изданието наведува дека изворите на Липи се медицинските лица Рикардо Дел Веско и Дамиано
Стефанини. И двајцата го напуштија „Олимпико“ со Ди Франческо и Мончи во март.
Претседателот на тимот од Рим, Џејмс Палота, ја прокоментира информацијата на следниов начин:
„Ова се вообичаени глупости“.
Според „Кориере дело Спорт“ Де Роси бил „шокиран“ од публикацијата и размислува за тужба кон
авторите на оваа приказна.