Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е фаворит да ја преземе тренерската позиција во Рома.

Раководството на „волците“ е импресионирано од работата на Србинот кој успеа да ја спаси
Болоња со серија добри резултати.
Михајловиќ ја има целосната поддршка од спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки, со кого
се знаат од заедничката работа во Торино.
Српскиот стратег не е единствениот кандидат за тренер на Рома. Тренерот на Сасуоло, Роберто де
Зерби и португалскиот стратег Паоло Фонсека, кој во изминатите три години го предводеше Шахтор
(Доњецк) до златен двојник во Украина, се исто така меѓу кандидатите за позицијата на
„Олимпико“.