Една лента од автопатот од Скопје кон Велес кај Башино село затворена за сообраќај

од Марта Пешевска
113 прегледи

Една лента од  автопатот од Скопје кон Велес, на делот меѓу Башино село и Штипска клучка, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информираа надлежните од Авто мото сојузот на Македонија, на автопатот ќе се изведуваат градежни активности, а на самото место ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.