„СпортИталија“: Челзи и Сари се разделија

од Vlatko K
226 прегледи

Челзи се согласи да го прекине договорот со Маурицио Сари за да може да го предводи Јувентус,
објави „СпортИталија“.


Веста доаѓа од трансфер гуруто Алфредо Педула, кој е многу близок до Сари и даваше најточни
информации кога менторот се раздели од Наполи за да го преземе Челзи.

Тој објави дека агентот Фали Рамадани имал долг состанок со директорите на Челзи во Лондон, кој
пред неколку часа завршил и се верува дека двете страни постигнале разбирање.

Сари го донесе Челзи до титулата во ЛЕ во средата со јасна победа од 4:1 над Арсенал. Покрај тоа,
тој ги пласираше „сините“ на третото место во Премиер лигата и финалето на Лига Купот.

Сепак, 60-годишниот стратег побарал да замине и клубот го задржал ветувањето дека нема да го
попречи.