Почетино: Кога си во финале, треба да го освоиш

од Vlatko K
89 прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино сфаќа дека неговиот тим има шанса да ја напише
клупската историја со евентуалното освојување на трофејот од Лигата на Шампионите. Утревечер,
лондонскиот тим се среќасо Ливерпул во Мадрид.

Еве што рече Почетино на прес-конференцијата пред мечот:
Подготвени ли сте со почетниот состав?
Не сум, ќе биде тежок избор. Секој фудбалер од тимот е важен. Пред неколку недели предложив на
играчите да си направиме заедничка слика. Изгледа дека од УЕФА слушнале, бидејќи пред
финалето ќе можеме да излеземе апсолутно сите од тимот и да се фотографираме на стадионот.

Ќе можеме да покажеме дека фудбалот е една голема вредност. Ќе покажеме дека секој еден од овие
25 фудбалери е важен, без разлика дали ќе биде во почетниот состав. Секој професионалец знае
дека нема начин како секогаш да игра.

Ќе го видиме ли Хари Кејн во игра?
Не знам. Не е лесно да се донесе одлука за него. Ова ќе стане јасно откако ќе ги имаме сите
информации за неговата состојба. Секој детал е важен.

Како се одвиваа овие недели од реваншот против Ајакс досега?
Почнавме да се подготвуваме дури по последниот дуел во Премиер лигата против Евертон, бидејќи
бевме фокусирани на борбата за место во топ 4. Се чувствувам горд, бидејќи момчињата беа
подготвени за работа, имаа волја и желба да прифатат се што им кажувавме. Ние сме целосно
подготвени и сега треба да уживаме. Кога си во финалето, треба да го освоиш. Знаеме што треба да
направиме за да се случи тоа. Сакаме да напишеме историја.

Какво ви е мислењето за Ливерпул?
Го почитуваме противникот. Заедно со Манчестер Сити ова се двата најсилни тима во Англија.

Јирген Клоп заслужува аплауз. Тој е фантастичен менаџер, неговите играчи – исто. Ливерпул е
извонреден тим со висока класа. Противникот е подготвен за битка. Ќе победи најдобриот и да се
надеваме дека тоа ќе биде Тотенхем. Ја почитувам работата на Клоп. Тој е оптимист, а ми се допаѓа
и неговиот карактер. Тој, сепак, немаше среќа во загубените две финалиња во ЛШ. Но, луѓето се
фокусираат на тоа дека тој ги загубил овие натпревари, но за мене најважно е дека тој по трет пат
стигнува до финалето. Понекогаш и универзумот прави заговор против тебе. Понекогаш си од
едната страна, понекогаш си од другата. Сите сакаме да победиме и затоа сме во фудбалот.

Може ли да биде поразличен начинот, на кој ќе го раководите овој меч?
Се разбира! Кој ви вели дека не е така, тој лаже. Тука зборуваме за различно ниво на
концентрација. Најважно е да го поставите стандардот и да ја искористите таа основа за во иднина.

Стандардот мора да биде минимумот. Важно е да бидете подготвени и да знаете дека емоциите сте
ги оставиле во минатото. Кога играчите се многу блиску до настанот, тие се фокусирани на тоа и