Единствениот услов, за да бидеме среќни

од Vlatko K
100 прегледи

Среќа – ние веројатно ќе добиеме толку многу дефиниции за неa, колку што има луѓе на планетата.
Научници и психолози сепак имаат друго мислење – тие се убедени дека има начин да направат
некаква релативно точна формулација на тоа што претставува среќа. Со таа цел пред цели 81
години Универзитетот во Харвард започнува големата студија која трае до денес.

Започната во 1938 година, таа сака да одговори на прашањето: „Што е она, што нè прави најсреќни
во животот?“

Првично, 724 луѓе беа вклучени во студијата, а потоа и нивните деца. Актуелниот директор на
истражувањето – Психијатарот д-р Роберт Волдингер, успева да формулира во една реченица што
не прави среќни.

„Пораката е кратка: добрите врски нè прават среќни и здрави. Точка“.

Студијата ја поврзува среќата со нашето здравје – кога имаме здрави врски, нашите мозоци се
поздрави, нашата меморија подобро функционира. Кога знаеме дека имаме на некој за да се
потпреме во тешки времиња, ние сме помалку подложни на стрес. Од друга страна, осаменоста
има спротивни последици за нашето здравје.