Транспортната компанија Uber со партнерство со австралиската држава Квинсленд нудат нестандардна услуга. Во текот на четири недели клиентите ќе имаат можност да нарачаат подморница од Uber, за да го посетат Големиот корален гребен. Оние кои сакаат ќе можат да уживаат во убава глетка за еден час, а цената е 2060 долари за две лица, вклучувајќи превоз со хеликоптер до вистинското место на подморницата.
Од кои клиентите се бара да го назначат Големиот корален гребен како крајна дестинација за нивното патување. Тогаш операторот Uber ќе ги контактира за да ја потврди нарачката. Покрај тоа, корисникот ќе биде запрашан за неговата тежина, бидејќи ова е од огромно значење за експедицијата.

Фото: Ројтерс
Секое патување ќе придонесе за зачувување на најголемиот систем на гребени во светот. Поради климатските промени, се оштетуваат коралите и премногу луѓе ги посетуваат, Големиот корален гребен е многу лесно уништлив.
Убер предупредува дека местата се ограничени и експедицијата ќе трае само до 18-ти јуни.