Демократите во САД повторно со  кампања за поголема контрола врз поседувањето на оружје.

Ова ги направија водечките партиски личности кои се кандидираа за претседател за следните избори што ќе се одржат во 2020 година.

Меѓу нив се и поранешниот потпретседател Џо Бајден, како и сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен.

На Твитер, тие инсистираа дека она што се случило не треба да остане неодговорено. “11 Невини умреа, Доста е “, инсистираа тие.

Причината беше напад во Вирџинија , каде што еден вооружен човек уби 12 лица пред да биде ликвидиран од страна на полицијата. 

  Според Wall Street Journal, тој е 40-годишен вработен во општината , кој бил отпуштен и  случајот за полицијата е затвирен.