448
Состојки
1 модар патлиџан
1 тиквичка
2 зелени пиперки
1 црвен патлиџан
2 чешниња лук
сол,маслиново масло
Подготовка
Модриот патлиџан го печеме, го остваме да олади па го лупиме. Потоа го сечеме на парчиња и го ставаме на чинија.
Тиквичката ја сечеме на тркалца и тркалцата ги печеме на грил тава по околу една минута од двете страни.
Пиперките ги печеме, ги лупиме и ги сецкаме и ги додаваме во садот со модриот патлиџан и тиквичките.
На крај на ситни коцки го сечеме црвениот патлиџан и го додаваме во садот.
Посолуваме и полеваме со маслиново масло.
Двете чешниња лук ситно ги сецкаме и со тоа ја наросуваме салатата.
На здравје!/Moi recepti