Падна тунел на метро-станица во изградба во Кина, петмина работници загинаа

од desk2
166 прегледи

Кинеските власти соопштија дека петмина работници загинале за време на рушење на тунел на подземна железница која била во изградба во градот Чингдао на североистокот во Кина, јави „АП“.

Се наведува дека вчера било пронајдено телото на последниот работник кој бил на листата на исчезнати, пет дена откако тунелот се срушил и ги затрупал работниците.