Зачинети лути компири со кашкавал

од desk2
415 прегледи

Ако сте љубител на лута храна, овие компирчиња се совршени за вас…

СОСТОЈКИ:
8 големи компири
1/2 шолја масло
1/2 лажица лук во прав
1/2 лажица буковец
2 лажици ситно рендан кашкавал (најдобро пармезан)
1/4 лажичка бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите излупете ги и исечкајте ги на крупни парчиња. Сите состојки измешајте ги и во нив извалкајте ги парчињата компири па наредете ги во плех, на хартија за печење.
Печете на 190 степени околу 45 минути. Послужете со павлака, или кечап и мајонез.
Добар апетит!

Слични содржини