Почина Момо Николоски

од desk2
259 прегледи

Пејачот Момо Николоски ја загуби битката со тешката болест и почина денеска. Тажната вест ја објави неговата сопруга на „Фејсбук“, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.


Музичарот Сашо Ливински, кој повикуваше на помош за пејачот да се избори со болеста, објави емотивен статус со кој се збогува од својот кум.

Популарниот фолк пејач кој беше дел од естрадата со децении, во јануари годинава откри дека има канцер на желудник. Неговата сопруга и колеги апелираа до јавноста да се донира за негово лекување во странство, се одржаа и хуманитарни настани, но потребната сума не беше собрана.