Пред резиденцијата на американскиот амбасадор во Британија , во улицата Риџент во Лондон , дојде до тепачка меѓу приврзаниците и противниците на претседателот Доналд Трамп.

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп беше одбележана со масовни протести во Лондон и во неколку поголеми градови.
Околу резиденцијата на американскиот амбасадор беше поставен ѕид од обезбедување , поради илјадниците демонстранти , кои скандираа против Трамп. Обезбедувањето постави ѕид и на патот меѓу Винфилд Хаус и главната џамија во Лондон.
Но и покрај илјадниците полицајци на улиците на Лондон , се смета дека имало 20 000, сепак на неколку места се степаа приврзаниците и противниците на Трамп.