(ВИДЕО) Џорџ и Амал Клуни ве канат на вечера

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Сакате да избегате од лошите временски услови и да започнете со вашето лето како гостин на ѕвездена двојка во сончевата Италија? Тоа е можно. Џорџ и Амал Клуни го нудат своето друштво и нивната вила за една прекрасна вечера на езерото Комо во Италија. 58-годишниот актер сподели видео на социјалните мрежи и ги повика сите да се приклучат на натпреварот. Единственото нешто што треба да го направите ако сакате да победите е да донирате средства на Фондацијата Клуни, која се бори против кршењето на човековите права низ целиот свет. Донациите започнуваат со скромни 25 долари и достигнуваат до 5.000 американски долари. Со секој долар се зголемува можноста за средба. 

Фото: Ројтерс

Во видеото, Клуни се обложува на пијарот на адреса на жена си и ја опишува Амал како адвокат, кој се грижи за човековите права, професор по право и жена, која се бори за правдата во целиот свет. Себе, пак, тој се категоризира како … едноставно актер. Победникот ќе може да избере и уште еден човек, со кого ќе отиде на гости на семејството во јули. Освен вечера, ѕвездената двојка нудат и повратен билет и престој во хотел. Најсреќните ќе уживаат на традиционални италијански јадења и одбрани вина. 

 

Во моментов, Амал е вклучена во тужба против исламска држава, што го става на ризик нејзиното семејство. Во едно интервју, нејзиниот сопруг сподели дека тие во моментов имаат безбедносни закани- и тие и нивните деца. Двојката доби близнаци во јуни 2017 година.

Слични содржини