Меркел утре на средба со Харадинај за односите меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел утре во Берлин ќе се сретне со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц изјави дека тема на разговорите ќе бидат билатералните односи, како и други билатерални прашања.

Во соопштението на канцеларката се истакнува дека Меркел на состанокот со Харадинај, кој е закажан за утре на пладне, ќе разговара особено за односите помеѓу Белград и Приштина.