Даде баклава за Бајрам, но не и изјава. Лидерот на ДУИ Али Ахмети побегна од новинарите. Јавноста остана без одговор кои министри Ахмети планира да ги повлече од Владата, но и како ги коментира бомбите за високи партиски функционери од негавата партија што ги објавува Ел Чека. Столчињата во салата на кино Милениум и од левата и од десната страна на Ахмети беа резервирани за неговите најблиски сороаботници, министри, градоначалници и директори од редовите на Интегративците.

На прославата 17 години ДУИ Ахмети се обрати само на албански, без да биде обезбесен превод на македонски јазик. Медиумите на албански јазик пренесоа дека во својот говор рекол дека бомбите не ги слушнал.
„Ниту сум ги слушнал, ниту пак, ќе ги слушам, Од пријатели дознав дека станувало збор само за „утринска слана“ што брзо ќе исчезне, односно дека во нив немало ништо официјално туку само неврзани разговори. Судството треба да се справи со случајот“, рече Ахмет.
Расположен за изјава беше екс министерот за правда Биљен Саљии кој сам си поднесе оставка. Рече дека не сака да дава прогнози кој би можел да биде сменет, бидеји тоа е одлука на премиерот.
Промените во Владата се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни.