Мадона ги изгуби правата над својата долна облека и писмото од Тупак

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Кралицата на поп музиката Мадона никогаш не успеа да се избори за некои од нејзините лични предмети и тие ќе станат сопственост на некој друг.

Тоа станува реалност откако Апелациониот суд во Менхетен даде дозвола да бидат продадени нејзините предмети – пар сатенски гаќички, четка со нејзини влакна и писмото од Тупак Шакур, со што ја напушта, соопштија американските медиуми.

Мадона ја тужела нејзината поранешна другарка и консултант Дарлин Луц, која им ги доверила предметите на онлајн аукција. Жалбата на Мадона беше, исто така, против страницата GottaHaveRockandRoll.com, на која беа изложени нејзините предмети.

Луц има работено со Мадона од 1981 до 2003 година. Таа го оправда своето право да го продаде имотот со договор од 2004 година, во кој е наведено дека “има право да прави со нив што ќе посака”.

Мадона вели дека не знаела дека овие работи биле кај Луц пред да дознае за аукцијата. Писмото на Тупак Шакур е напишано на 15 јануари 1995 година додека бил во затвор за сексуално насилство.

Во него, тој објаснува дека раскинува со Мадона, бидејќи односот со бела жена би ја повредил неговата кариера. Тој додава дека не сакал да ја повреди. Шакур беше убиен во септември 1996 година на возраст од 25 години. Проценката на писмото е 400.000 долари.