Бред Пит ќе го помине летото со децата во Њу Мексико “. 55-годишниот актер немаше можност да ги гледа често Медокс (17), Пакс (15), Захара (14), Шајло (13) и 10-годишните близнаци Нокс и Вививен кои се преселија да живеат со мајка си Анџелина Џоли во американскиот југозапад каде што таа го снима својот најнов трилер “Оние кои ме сакаа мртва”.
Холивудската ѕвезда сепак ослободила време во наредните недели, за да може да помине неколку дена со младите, додека неговата поранешна сопруга е зафатена на сетот.
Според блиски на Бред децата летале неколку пати до Лос Анџелес откако се преселија да живеат со Анџелина во Ново Мексико, за да се видат со својот татко.
Бред и Анџелина, кои се разделија во септември 2016 година по 12-годишен брак, беа објавени официјално за “слободни” од судија минатиот месец – тоа значи дека тие повеќе не се во брак според закон, но се уште треба да се договорат за условите за својот развод.