
Сите институции исто треба да направат ветинг врз вработените, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој повтори дека во МВР веќе е започнат ваквиот процес за да се елиминираат луѓето кои имаат врски со криминални структури.
– Важно е сите институции на државата да имаат на ум дека реализацијата на оваа политичка волја за борба против организиран криминал е заедничка и дека сите заедно мораме да се справиме со луѓето кои што не сакаат да ги исполнуваат своите професионални обврски луѓето кои сметаат дека е поважен личниот бизнис интерес и партиски интерес отколку интересот на државата. Институциите што побрзо да се ослободат од ваквите личности, а професионалците да работат на ефикасно ниво против организираниот криминал, истакна Спасовски.