Хакирани се личните фотографии на свадбата на принцот Хари и на Меган Маркл

од desk4
121 прегледи

Кралската свадбена церемонија на принцот Хари и Меган Маркл се одржа во параклисот “Св. Ѓорѓи” во замокот Виндзор на 19 мај 2018 година.

Алексиј Лјубомирски, свадбениот фотограф  на принцот Хари и Меган, е хакиран со стотици лични фотографии на двојката  , кои брзо се повлечени онлајн, соопшти The Sun, цитирајќи кралски извор.

“Безбедноста е компромитирана. Имаше онлајн напад. Сликите беа хакирани, а потоа протекоа. Имаше внатрешна истрага, но полицијата не учествуваше во неа. Сега ситуацијата се совладува “, рече изворот.

Познато е дека неидентификувани сајбер-крадци украле слики минатиот септември, но фотографиите на Алексиј кои се појавија само на Инстаграм и Твитер овој месец. Според изворот, фотографиите веќе се отстранети и останува непознато кој стои зад хакерскиот напад.

Некои од откриените фотографии покажуваат како Хари ја прегрнува сопругата со затворени очи додека се насмевнува на камерата.

Портпаролот на Бакингемската палата, како и агентот на Алексиј Љубомирски, одбија  да ги коментираат вестите.