Реал Мадрид продолжува со обидите да го привлече Пол Погба од Манчестер Јунајтед и е
подготвен да го вклучи Герет Бејл во договорот за францускиот репрезентативец, вели „Дејли
Мирор“.

29-годишниот Бејл е незадоволен од неговиот статус на резерва на „Сантијаго Бернабеу“.
Велшанецот, кој минатата сезона забележа 14 гола и 6 асистенции на 42 натпревари за гигантот од
Шпанија, е подготвен да се врати во Велика Британија.
26-годишниот Погба ја заврши кампањата 2018/2019 со 16 голови и 11 асистенции во 47 мечеви за
Јунајтед. Сепак, тој беше предмет на многу критики и не е задоволен од ситуацијата на „Олд
Трафорд“.
Неговото име е поврзано со враќање и во италијанската хегемон Јувентус, но менаџерот на Оле
Гунар Солскјер не сака да се раздели со играчот од средниот ред.
Синоќа Реал официјално го објави привлекувањето на Еден Азар од Челзи. Тој е трет нов фудбалер
во составот на кралевите по Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт и централниот дефанзивец Еден
Милитао, кој беше донесен од Порто. „Белите“ имаат силен интерес и кон Кристијан Ериксен од
Тотенхем.
Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува за една година, што ќе ги натера „петлите“ да се
разделат летово со Данецот.